Урнебесна реклама: Ова е легендарниот „101“ за сите годишни времиња (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во некогашна Југославија речиси и да немаше жител кој во некој момент од животот не поседувал модел „застава 101“ или популарно наречениот „стојадин“ или „101“. Тоа е еден од најдолговечните модели на фабриката за автомобили во Крагуевац, а „застава 101“ била направена на база на „фијат 128“ со малку изменет заден дел (петта врата).

Овој автомобил се произведувал од 15 октомври 1971 до 20 ноември 2008 година и произведен е во повеќе милиони примероци. Милионскиот „101“ е произведен во 1991 година, а рекордната годишна бројка на производство е 88.918 возила и тоа во 1979 година.

Се произведувал со пет и со три врати, со мотор од 55 коњски сили и зафатнина од 1.100 кубици. Во тоа време секако било важно да му се покаже на народот за каков автомобил се работи, па оттаму и оваа реклама која што покажува дека тоа бил автомобил за сите годишни времиња.

https://www.facebook.com/zastava.auto/videos/719053231576538/

Денеска сѐ уште може да се видат вакви автомобили по нашите улици, кои секако полека „изумираат“ пред сѐ поради фактот што нема резервни делови за нивно одржување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK