Полицијата од Норфолк и Суфолк од Англија улови локален жител како вози автомобил без волан и седишта. Чудно, но вистинито. Автомобилот се движел иако немал некои од виталните делови.
Сребреното Peugeot 206 имал прилично лош надворешен изглед, но полицајците останале зачудени кога ја виделе внатрешноста на возилото.
Место на седиште шоферот седел на пластична смачкана кофа. Воланот бил заменет со клешти.
„Мислам дека тоа беше најскапаното нешто кое некогаш сум го видел. Неверојатно е што вакво возило воопшто и може да се движи на патиштата особено во оваа состојба“, велат од полицијата.
Дефитивно од фотографиите може да се забележи дека оној што го управувал ова возило бил вистински мајстор.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]