Уникатна амфибија – лета, вози и плови

ОБЈАВЕНО НА:

Кога ќе помислите на автомобил што лета секогаш замислувате комбинација на возило што има квалитети на авион и класичен автомобил. Но, Русите отидоа чекор напред и создадоа уникатна амфибија која може да се движи на тврда подлога, да плови и да лета. Прототипот на оваа аеро-амфибија ја покренува електричен мотор.

Компанијата истовремено работи на неколку проекти на машини кои можат да се движат на земја, вода и во воздух. Проектот се води под името БОРТС Тритон.

Тој е долг 2,95 метри и две седишта. Има електричен мотор и акумулатор. Има и пропелер зад седиштата. Тритон може да мине 100 км. со максимална брзина од 100 км/ч. Кога е на вода транспортното средство работи по принципот на аероглисер, а лета благодарение на конструкцијата по принципот „меко крило“. На вода и во воздух можат да минат 400 км. со максимална висина од 4.200 метри.

Во моментот се бараат инвеститори што би го подржале производството на ова транспортно средство.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK