Уникатен BMW M1 откриен после 25 години (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Со само 453 произведени примероци меѓу 1978 и 1981 година BMW M1 е реткост сам по себе, но овој примерот е и уникатен.

Откако во 1993 година му се губи секаква трага, сега одново е откриен, но е во многу лоша состојба. Сепак, тоа не ја намалува неговата историска вредност.

Овој конкретен примерот ја напуштил производствената линија во 1979 година во целосно стадндарден формат. Првиот купувач повремено го возел околу Берлин, но во 1981 година овој BMW M1 го купул Харалд Ертл, кој целосно го преработил.

Сакал да создаде најбрз автомобил на светот, па моторот е опремен со два турбо полначи ККК, кои ја зголемиле силата од стандардните 277 на 410 коњски сили. Каросеријата добила комплетен bodykit, а темелно се преработени суспензијата и кочниците.

Харалд Ертл успеал на 17 октомври во 1981 година да постигне брзина од 301,4 км/ч, но не постојат никакви официјални записи кои би потврдиле дека овој  BMW M1 станал рекордер.

Во секој случај BMW M1 е автомобил кој со големи букви се запишал во книгата на автомобилската историја, а неговиот 40. роденден бил прославен минатата година.

Што се однесува до примерокот кој е пронајден после 25 години, тој ќе бие понуден на аукција во склоп на Techno Classica во Есен, а се очекува да достигне цена од 300.000 евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK