Умни скутери што неможе да се украдат

ОБЈАВЕНО НА:

Ако е тешко да се украде автомобил, веројатноста некој да го „позајми“ скутерот е поголема, но секогаш постојат и начини како крадецот да неможе да го украде. Gogoro Smartscooter 2 доаѓа како наследник на успешниот оригинал, а сега има и подобрени квалитети во возењето и поголема безбедност. Се работи за мотоцикл на батерии.

Втората генерација на скутерот според компанијата нема да може да го украдат. Софтверските новини тоа го овозможуваат. Најзначајна е дополнителната безбедносна мерка при стартување на мотоциклот. Покрај клучот, тука постои и скенирање на отисокот од прстот преку мобилен телефон, па ако некој ви го украде клучот немора да се грижите.

Gogoro Smartscooter 2 во продажба доаѓа во текот на годинава, а цената на тајванскиот пазар ќе биде околу 1.100 евра. Во Европа оваа компанија продава скутери само во Германија, но најавено е дека ќе влезат и на другите пазари.

Во однос на перформансите мотоциклот има G2 мотор, односно 6,4 kW со максимална брзина од околу 90 км/ч. и забрзување до 50 км/ч. за 4,3 секунди. Автономијата е околу 110 км. а постои можност за замена на батеријата. Мотоциклот е многу популарен во Тајван.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK