Mercedes-Maybach S 600 Pullman

Украинската влада на аукција продава седум лимузини

ОБЈАВЕНО НА:

Елитните автомобили кој во 80-тите и 90-тите години на минатиот век биле користени од владата на Украина се ставени на продажба и од нив се очекува добра заработувачка. Се работи за седум лимузини кои би требало да донесат голема сума во буџетот.

Најголемата цена се очекува да ја постигне возилото ГАЗ-14 Чајка. Од овој модел се произведени само 1114 возила, а две од нив произведени во 1982 година со изминати 110.000 и 230.000 километри се продаваат за сума од 31.953 и 33.503 евра. Третото возило кое е произведено во 1986 година има поминато 99.000 километри, а неговата цена е 33.564.

На продажба се и два Mercedes-Benz S600 од 1996 година. Едното возило има поминато дури 471.400 километри и сега чини 5.274 евра, додека другото со 226.000 поминати километри е проценето на 4764 евра. Наддавање ќе има и за Mercedes-Benz E320 од 1998 година. Со ова возило се изминати 1.032.000 километри, а почетната цена ќе биде 3.481. Mercedes-Benz E200 од 2002 година со поминати 409.400 километри е проценето на 4.764 евра за старт на наддавањето.

Аукцијата ќе се одржи на 16 јануари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK