Украина забрани увоз на возила од Русија

ОБЈАВЕНО НА:

Владата на Украина донесе одлука со која ја прошири листата на производи од Русија кои се забранети за увезување. Од 1 јули на листата се најдоа и автомобили, мотоцикли и трактори кои се произведени во Русија.

Во моментов во Украина се продаваат автомобили на Lada и ВАЗ, Chevrolet Niva, Volkswagen Polo, Kia Rio, Hyundai Accent (Solaris) и Creta. Камионите на ГАЗ и КамАЗ и автобусите ПАЗ кои исто така имаат доста добар пласман.

До неодамна Владата на Украина требаше да воведе само дополнителни давачки за увозот на возила од Русија. Сепак, конечното решение наметнува далеку построги ограничувања.

Според податоците на AUTO-Consulting, руските автомобили, како и оние кои се монтираат во Русија заземаат 5,1% од вкупниот пазар во Украина. Кај лесните автомобили делот е уште поголем и достигнува 9,4%. Во 2018 година увозот на превозни средства во Русија бил со исност од 50 милиони долари (44 милиони евра) што отчитало пораст од 1,6% во однос на претходната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK