Последната студија спроведена од страна на GGA (German General Automobile Club) покажа дека 230 од 237 автомобили може да се “измамат” т.е. лесно украдат, а на крадците во просек им се потребни само 18 секунди.
Уште еден доказ што го поткрепува ова истражување е последната кражба на Tesla автомобил што се случи во Велика Британија, а за што на крадците им беше потребно 30-тина секунди.
Крадците го украдоа автомобилот со помош на техниката на пренасочување на радио сигналот од клучевите кои се наоѓале во внатрешноста на куќата.