Укината и казната од 90 евра: Мадрид се откажува од зоната на ниски емисии во центарот

ОБЈАВЕНО НА:

Од 1 јули во Мадрид е zамрзната неодамнешната иницијатива за анти-загадување. Новиот градоначалник на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алемида од конзервативната Народна партија најави привремено замрзнување на казните за прекршителите на мерките, кои имаат за цел да ги намалат емисиите на штетни гасови од превозните средства во центарот на градот. Иако формално не го поништува планот, сепак, одлуката на практика го запира на неодредено време.

Иницијативата за зона против загадувањето позната како „Мадрид Централ“ беше воведена во ноември во2018 година од претходниот градоначалник Мануел Кармена. Се работеше за површина од 472 хектари.

Возачите мораа да ги проверуваат емисиите на возилата, а најзагадените имаа забрана за движење низ центарот на градот. Вoзачите кои влегле во контролираната зона и притоа ги прекршиле правилата морале да платат казна од 90 евра.

За време на предизборната кампања Алмеида ветил дека ќе ја заврши шемата ако стане градоначалник. Место тоа Народната партија сака да го врати претходниот систем за ограничување на сообраќајот.

Пред една година проектот „Мадрид Централ“ беше клучниот за избегнување на правните мерки против Шпанија од страна на Европската комисија. Во тоа време, престолнината на Шпанија ги надмина границите на европското загадување речиси една деценија.

Засега Брисел не коментира и чека да види конкретни планови од градската управа. Според зборовите на актуелниот градоначалник: „Европската унија не го бара од нас ‘Мадрид Централ’ туку ефективни резултати во борбата со загадувањето“.

Според податоците од мај, 14 од 24 станици за набљудување во Мадрид отчитле ниско ниво на азотни оксиди во последната деценија. Единствениот сензор, кој се наоѓа во зоната со ограничен сообраќај покажа пад од 48%.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK