Uber претстави прототип на своето ново летечко такси

ОБЈАВЕНО НА:

Ако мислите дека Uber го достигна својот врв тогаш се лажете. Американската компанија на годишната Elevate конференција во Лос Анџелес претстави прототип на летечки такси автомобил.

Овој прототип претставува комбинација на дрон и хеликоптер и се карактеризира со вертикално полетување и слетување. Леталото користи четири мотори со коаксијални ротори. Uber потенцира дека иницијалните истражувања кои ги спровеле покажале дека коаксијалните ротори обезбедуваат подобри перформанси и потивко функционирање.

Планот на Uber е т.н. air-taxi да го лансира во 2023 година и тоа најпрво во Дубаи, Тексас и Калифорнија. Овие летала би се движеле по однапред познати, фиксирани рути, а за почетокот во овие летала би имало и пилоти кои со текот на времето ќе се заменат со напредна автономна технологија.

Сепак, засега не е познато дали и колку овој план ги исполнува регулативите поврзани со летечките објекти и обавувањето на воздушен транспорт.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK