УБАВ ПОВОД: Трипати сечеа лента во еден ден

ОБЈАВЕНО НА:

Тие се познато „автомобилско семејство“ кое со децении е дел од овој бизнис во Македонија, а сега имаа и посебен повод за радост и славење. Аутомотив Груп во чии рамки во Македонија се три познати бренда, Renault, Nissan и Dacia сега има нов сервисен центар, а истовремено и Nissan и Dacia добија свои домови. Ова е првпат Dacia и Nissan да имаат свој посебен дом каде на едно место ќе може да се видат сите нивни новитети.

Семејството Каленикови во ист ден најпрвин свечено ги отвори двата нови салони, едниот на Nissan другиот на Dacia, потоа и го покажа и новиот сервисен центар што сега се наоѓа во Визбегово. Имаа повод за славење бидејќи прераснуваат во една од водечките компании во Македонија што се во автомобилскиот бизнис.

Сервисниот центар е изграден на површина од 4.950 метри квадратни изградени се 2.300 метри квадратни составени од сервис и механика. Тој е еден од „најдобрите“ во регионот, барем според кажувањата на претставниците на брендовите кои беа присутни на настанот.

Изградени се автолакерски и лимарски сервис кој содржат 18 работни дигалки и две комори и пред комори направени по најсовремените еколошки стандарди со прочистителни станици и употреба на еколошко гориво – ГАС каде вработуваме 50 нови работни места.

Како општествено одговорна компанија која секогаш се залага за заштита на човековата околина, за потребите на центарот употребена е последна технологија на воздушни и топлински пумпи за греење и ладење со најдобар коефициент на енергетска вредност инсталирана е фотоволтаична електроцентрала со можност од 180KW.

Досегашниот дел од сервисот што беше на улица „Скупи“ сега е пренаменет за новите салони за продажба на Nissan, Renault i Dacia, лоцирани на ул. Скупи бр.14 дизајнирани согласно стандардите на престижните брендови.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK