Меѓу деветтемина македонски возачи кои викендов ќе настапат на патеката Гробник во Хрватска како дел од првенството на Македонија во Twingo Cup за првпат во ваков автомобил ќе седне и младиот Бојан Костовски кому ова ќе му биде прв настап.
За третиот тркачки викенд на Twingo Eurocup, планиран за сабота и недела каде треба да се возат две трки, пријавени се 38 возачи што е најмногу дсосега. Постои можност на стартот да се појави уште едно возило бидејќи тоа е максималниот број на натпреварувачи.
Младиот Бојан е брат на Мартин Костовски кој е ланскиот вицешампион во Twingo Cup. Бојан ќе седне во автомобилот на Ненад Костовски кој реши да се повлече од трките.
Во генерален пласман во првенството на Македонија лидер е Марко Блажевски кој со двете победи во Австрија на почетокот на јуни го презеде првото место со 55 бода, пет помалку од Давид Малинковски . Трет во генерален пласман е Владимир Тренески со 41 бода, пред Слободан Трајковски кој има еден бод помалку.
На шетирите трки досега сезонава имаше тројца различни победници во првенството на Македонија: Владимир Тренески, Давид Малинковски и Марко Блажевски.

Покрај стандарно пријавените возачи од Словенија и до Македонија, кои ги има во најголем број на Гробник ќе се појават и повеќемина натпреварувачи од Италија, Австрија, Србија, Чешка. Во четврток е тренинзите, во петок изутрина се квалификациите. Првата трка е во сабота наутро од 11,45 часот, додека втората во недела во 17,20 часот.

Ова е трета сезона од Twingo Cup што се бодува за првенствотона Македонија, а севкупниот победник како награда ќе го одбие електричното возило Renault Twizzy.









