TÜV открива – ова се најквалитетните возила

ОБЈАВЕНО НА:

TÜV (Technischer Überwachungsverein) претставува германска Асоцијација за техничка инспекција која на своите активности ги спроведува на територијата на Германија и Австрија.

Во своето портфолио веќе неколку години активно работи на следење на квалитетот на автомобилите. Така редовно објавува извештаи за најквалитетните возила односно за возила со најмалку грешки по сегменти.

Најмалку грешки се забележани кај Opel Adam. Овој автомобил е најдобар во сегментот на микро автомобили. Во сегментот на мали автомобили доминира Audi A1, а во сите следни сегменти доминира Mercedes.

Така најмалку грешки во конкуренција на компактни автомобили е A класата на Mercedes. C и B класите се најдобри во стредната класа и во конкуренција на моноволуменци додека најдобар SUV е Mercedes GLC.

Интересно е што во сите сегменти доминираат домашните, германски автомобили истиснувајќи ги оние јапонските кои со децении се синоним за квалитет.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK