Турците произведуваат велосипеди за лица со инвалидитет

ОБЈАВЕНО НА:

Инженерот од Турција, Реџер Билан Сенгун отвори фирма за производство на велосипеди со цел осигурување на работата на кошаркарите во инвалидски колички. Малиот бизнис денес дојде до 15 различни модели на велосипеди меѓу кои е и електричниот велосипед, а истите ги извезува во шест земји.

Сенгун вели дека за лицата со инвалидитет кои основале кошаркарски клуб во Коџаели биле потребни инвалидски колички. Се потсетува дека лицата изразиле желба да работат некоја работа. На идеја за отворање на фирмата дошол во текот на посетата на Италија и на Шпанија кога видел дека лицата со инвалидитет користат електрични велосипеди.

Како што вели Сенгун, после патувањето заминал кај градоначалникот на кого му ја кажал идејата да направи такво нешто во градот. Го прифатил планот и почнале со имплементација на проектот.

На почетокот имало проблеми кои со текот на времето се надминале и направиле успешна работа. Сенгун истакна дека во моментов произведуваат 15 различни модели на велосипеди, а меѓу нив е и електричниот

„На велосипедот може да се најдат двајца патници и возач. Капацитетот е 300 килограми. Целосно е рачно изработен. Работата на теренот е успешна“, вели Сенгун.

Со ваквиот начин на превоз се намалува гужвата во сообраќајот, се штеди време, а воедно се работи и за прифатлив еколошки автомобил.

„Работиме со 100 проценти домашно производство. Има заинтересираност и од други земји. Досега извезувавме во Велика Британија, Холандија, Франција, Груција, Северен Кипар и во Германија“, вели Сенгун.

Нагласува и дека велосипедите кои се користат како такси во туристички смисол привлекуваат големо внимание.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK