Турците го освојуваат светот

ОБЈАВЕНО НА:

Една од земјите што полека станува автомобилска сила секако е Турција. Не само поради големиот пазар, туку и поради бројните фабрики што таму постојат од каде секоја година се зголемува бројката на произведени и извезени возила. Во периодот јуни 2016 – јуни 2017 биле произведени 869.158 возила што е пораст од речиси 20 отсто.

И покрај тоа што се бележат вакви добри резултати продажбата на домашниот пазар е опадната за 9 отсто, на 410.609 возила, и тоа пред сѐ поради новите даноци што ги воведеВладата. Но, поважно е што најголемиот дел од возилата се наменети за извоз.

Извозот е пораснат за 29 отсто и сега изнесува 714.284 возила. Лани Турците извезле 1,4 милиони дозила, чија вредност се проценува на 28 милијарди долари. Во Турција сега има повеќе фабрики на производители како што се FCA, Ford, Hyundai и Toyota.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK