Турција стана „фактор“ во авто индустријата – го претстави своето прво национално возило

ОБЈАВЕНО НА:

“Денес е историски збор” беа првите зборови кои ги изговори Реџеп Таип Ердоган на промоцијата на првиот национален, целосно турски автомобил која се одржи во Гебзе, долината на технологијата пред повеќе од 3 илјади присутни лица.

На свечената промоција беа претставени два модели: електричен SUV и седански модел. Производството на истите ќе започне во 2022 година кога ќе започне и продажбата.

Најпрво во продажба ќе се појави електричниот SUV кој ќе биде достапен во две верзии и тоа: со погон на задните тркала кој ќе располага со максимални 200 КС и со погон на сите четири тркала и 400 КС.

turski automobil TOGG

Литијум-јонската батерија ќе овозможи автономија и до 500 км, а за само 30 минутно полнење, батеријата ќе се наполни до 80%.

Според објавените технички карактеристики, најслабата верзија до стотка забрзува за само 7,6 секунди додека онаа, најмоќната за 4,8 секунди.

Турска Автомобилска Иницијативна Група (ТАИГ), како што е наречена оваа иницијатива е предводена од страна на Мехмет Гурчан Каракас, еден од водечките менаџери во Bosch и веќе активно ги предводи проектите за истражување и развој на овој модел. Во развојот, силите ги здружија едни од најголемите турски компании.

Anadolu Grubu, BMC, Kok Grubu, Turkcell, Zorlu Grubu како и Унијата на турските берзи и стопанската комора.

turski automobil TOGG

Инаку Турција се обиде во далечната 1961 година да го произведе првиот, целосно турски автомобил, но безуспешно. Неколку години подоцна се формираше Tofas кој во тој период, па и денес, е вклучена во заедничко производство на модели од европските производители, наменети за пазарите во Турција и околните земји.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK