Во Турција постојат повеќе фабрики на различни автомобилски производители каде се произведуваат возила, но земјата што се наоѓа на два континенти сака да има сопствен автомобилски бренд. Веќе се работи на тоа, прототипот ќе биде готов во 2019 година, а продажбата се очекува да започне во 2021 година
Турција ќе формира конзорциум од пет компании за создавање на првото производство на турски автомобили, потврдија турските медиуми. Претседателот Реџеп Тајип Ердоган изрази надеж дека конзорциумот ќе подготви прототип на автомобилот до 2019 година, а продажбата ќе започне уште во 2021 година.
Премиерот Бинали Јилдирим изјавил дека конзорциумот ќе ги вклучат и компаниите што работат за вооружените сили, и водечката турска компанија за телекомуникации, Туркел.
Според премиерот, производството на автомобилската индустрија ќе заземе значајно место не само на локално туку и на глобалниот пазар. Тој додава дека Турција има потребен персонал, инженери и технички персонал за развој на сопствена автомобилска индустрија.