Со својата комбинација на дизајн, техничка изведба и прифатлива цена, Togg испраќа јасна порака: Турција сака да стане нов играч на европската автомобилска мапа. „Турската инвазија“ почнува во Минхен, а остатокот на континентот ќе мора внимателно да ја следи оваа офанзива.
Турција ја испраќа својата автомобилска офанзива кон срцето на Европа. Првиот модерен турски производител на автомобили – Togg – веќе три години успешно го продава својот електричен SUV T10X на домашниот пазар, а сега е подготвен да направи историски чекор: настап на IAA Mobility саемот во Минхен (9–14 септември) и почеток на продажби во Германија.
SUV кој ќе ги предизвика големите
Togg T10X е позициониран како директен ривал на Volkswagen ID.4, Tesla Model Y, Hyundai Kona Electric и Kia EV6. Со цена која стартува од 41.000 евра, моделот се наметнува како конкурентна алтернатива во класата на електрични SUV возила.
🔋 Технички податоци:
Бaterии од 52,4 или 88,5 kWh
Максимално полнење до 180 kW
Дoмет до 523 километри
Верзии со еден или два мотора
Моќност од 218 КС до 435 КС
Овие бројки јасно покажуваат дека Турците влегуваат сериозно подготвени на европскиот терен.

Од национална идеја до реалност
Историјата на Togg започна во 2018 година како национален проект на Турција – визија земјата да има сопствена автомобилска индустрија и да произведува електрични автомобили во чекор со глобалните трендови.
Името Togg е акроним од “Türkiye’nin Otomobili Girişim Grubu” (Иницијатива за турски автомобил).
Со поддршка од државата, компанијата склучи партнерства со домашни и меѓународни фирми за батерии, електрични погони и софтверски решенија. Производството се одвива во современиот погон во Гемлик, а плановите вклучуваат и нови модели – лимузини, SUV и кросовери.
Покрај SUV-от T10X, Togg веќе најави и електрична лимузина T10F, која треба дополнително да ја зајакне офанзивата на брендот во Европа.









