Турчин авантуриста: Со автомобил посетил 22 земји и минал 41.000 км. (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Пат околу свет за 80 дена! Звучи познато, но како изгледа пат со автомобил низ светот за пет месеци? Колку земји може да се посетат и кој автомобил тоа ќе го издржи.

Турскиот новинар Окан Алтан со возило Fiat Tipo успеа од 13 август до сега да мине 41.000 километри, да посети 22 земји и да мине низ 122 градови.
Потфатот е остварен без посебни подготовки на автомобилот, а фабриката сакала да покаже дека и сериски модел на Tipo е способен за сите предизвици во возењето и во различни временски и патни услови.

Патувањето започнало на 13 август од фабриката Tofas во Турција каде било произведено возилото. Првата маршрута била Европа, па Алтан минал низ Грција, Бугарија, Романија и Украина. Целта било да се влезе во Русија.
Потоа следувал вистинскио тпредизвик да се следи познатата пруга Трансибирска железница, и тоа патувајќи во просек по 11 часа дневно. Потоа продолжил до Јапонија , се до Јокохама каде се качил на брод за да замине за Мексико.
Но, не минало се така едноставно бидејќи му требале дополнителни 11 денови пред да ги добие сите потребни административни дозволи. Така стапнал и на тлото на Северна Америка.

По Мексико следеле 40 денови долго патување со брод до Велика Британија. По слегувањето на копното возачот посетил уште 14 земји вклучувајќи ги и Холандија, Германија, Франција, Швајцарија, Австрија и Италија. Дома се вратил по 400 засови минати во Tipo.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK