Turbo S E-Hybrid е најсилната моделска верзија на Porsche Panamera

ОБЈАВЕНО НА:

Porsche продолжува постојано да ги зголемува перформансите на своите нови модели. Новата Panamera Turbo S E-Hybrid производителот на спортски автомобили Porsche ја лансира со plug-in хибриден систем и за прв пат оваа варијанта на моделот ќе биде знаменосец на моделската линија.

Четири литарски V8 мотор од Panamera Turbo во комбинација со електричен мотор, при што се добиваат 500 kW односно 680 КС, што е доказ за фасцинантен електро систем кој испорачува извонредна моќност.
Panamera Turbo S E-Hybrid нуди 850 Nm вртежен момент, со таа сила моделот забрзува од нула до 100 km / h за 3,4 секунди и ја достигнува максимална брзина од 310 km / h. Стратегијата за забрзување и погонот на сите тркала кај Panamera доаѓа од супер спортскиот автомобили 918 Spyder.
Според новите европски правила, просечната потрошувачка на гориво изнесува 2,9 l / 100 km, а новиот знаменосец на Panamera само со електричен погон може да измине 50 километри. Panamera Turbo S E-Hybrid ја нагласува важност од електричната мобилност на Porsche.

По успешното деби на моделот Panamera 4 E-Hybrid, во кој е вграден V6 мотор со електричен мотор, Porsche уште еднаш докажува дека хибридна верзија има голем потенцијал и врвни перформанси. Новата Panamera Turbo S E-Hybrid е комбинација на електричен мотор 100 kW / 136 КС со V8 мотор 404 kW / 550 КС. Инсталираниот хибриден модул се активира електронски со електричната спојка (ECA), исто како и кај Panamera 4 E-Hybrid. Резултатот е брза реакција и високо ниво на удобност. Како и кај другите модели од втората генерација Panamera, со помош на системот Porsche Doppelkupplung (PDK) преносот на осум степени менувач е брзо без да го почувствувате менувањето.

Пренос на силата на сите тркала од електричниот мотор се случува со помош на адаптивниот систем Porsche Traction Management (PTM). Електричната изведба ја забрзува луксузната лимузина до 100 km / h за само 3,4 секунди и обезбедува исклучителна влечна сила при поголеми брзини. Во комбинација со електричниот мотор автомобилот ја достигнува максималната брзина од 310 km / h, тоа значи дека на Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid поставува повеќе нови стандарди во својата класа. Panamera Turbo S E-Hybrid доаѓа со воздушно потпирање, како стандард, и нуди уникатен баланс во овој сегмент. Удобност на луксузна лимузина со вредносни перформанси на спортски автомобил.

Електромоторот се снабдува со електрична енергија со помош на литиум – јонска батерија со капацитет од 14.1 kWh. Во рок од шест часа, батеријата која е интегрирана во задниот дел ќе биде целосно наполнета со 10А приклучот од 230-V. Доколку новата Panamera го користи опционалниот 7,2 kW полнач, наместо на стандардниот полнач од 3.6 kW, батеријата би била целосно полна за само 2,4 часа.

Соопштение на Порше Македонија

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK