Црвена, жолта, зелена – зошто се тоа боите на семафорот?

ОБЈАВЕНО НА:

Без нив сигурно би било хаотично на сообраќајните раскрсници. Сите ги почитуваме и тие се еден од најважните за безбедноста. Првиот семафор во светот бил поставен во 1868 година во Лондон и бил составен од плински светилки. Со нив се управувало рачно, а работеле само навечер. Првите семафори на струја пак, се воведени во Детроит во 1912 година и претставуваат основа на модерните семафори.

Тоа е околу историјата на семафорите, но дали знаете зошто светилките се во црвена, жолта и зелена боја?

Лестер Вајр кој го контролирал првиот семафор користел кутија со светилки во две бои и тоа црвена за застанување и зелена за тргнување како и ѕвонче со кое се предупредувале пешаците дека ќе се промени светлото. Третата боја била воведена токму во САД, осум години откако во Детроит бил поставен првиот семафор на струја. Тоа била портокаловата боја која подоцна е променета со жолта.

Црвената боја е избрана неслучајно. Тоа е боја која во психологијата на луѓето асоцира и предизвикува страв, опасност, сила, насилство, оган, а сите овие појави предизвикуваат големо внимание. Оттука како боја која предизвикува најголемо внимание избрана е црвената боја како боја кога треба да се обрне внимание односно застане.

Зелената боја пак, е поврзана со природата, плодноста и сигурноста. Она на психологијата на човекот делува смирувачки. Оттука таа се користи како известување за возачите дека тие би биле сигурни и безбедни доколку поминат кога на семафорот е вклучена оваа боја.

Интересно е што на почетокот оваа боја во железничкиот сообраќај се користела како боја кога треба да се застане, додека белата се користела кога треба да се тргне односно помине., но подоцна по бројните истражувања на психологијата на луѓето откриено е дека оваа боја не е соодветна за таа улога.

За жолтата боја и нема некоја историска заднина.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK