Црвена, жолта, зелена – која боја е најбезбедна?

ОБЈАВЕНО НА:

Бојата е повеќе од само обичен избор при купување на автомобил. Не мислиме на естетиката туку на функционалноста во поглед на безбедноста.

Последните истражувања покажуваат дека бојата на автомобилот игра улога и во безбедноста и при загревањето во летните периоди.

Резултатот на овие истражувања покажува дека најдобра боја за вашиот автомобил е жолтата. Постојат повеќе причина за ова. Прво оваа боја спаѓа во групата на бои кои најмалку се загреваат во летните горештини. Исто така статистиката покажува дека автомобилите во жолта боја најмалку учествуваат во сообраќајни незгоди.

И во ноќните часови, автомобилите со жолта боја се лесно воочливи. Спротивно на оваа боја, најлоша е црната која има голема можност за апсорбирање на сончевите зраци, но и тешко се приметуваат во вечерните периоди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK