Црногорците важеа за најмрзелив народ, но го имаат најголемиот мост во Екс-Ју (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Владата на Црна Гора на својот профил на Твитер објави снимка од воздух на мостот Морачица и изградбата на автопатот Бар-Бољаре. Најголем впечаток остава мостот Морачица, со своите пет столбови, а ќе биде најголемиот мост во поранешна Југославија.

Мостот е еден од најсложените објекти на трасата на автопатот. Ќе биде долг речиси еден километар, а ќе ја спојува долината на реката Морача и ќе преминува на спротивниот рид. Ќе го држат пет столбови од кои најголемиот е висок дури 161 метар.

Потфат од вакви размери нема направено никој во регионот. Должината на мостот ќе биде 960 метри, а вкупната ширина е 23,4 метри.

Овој грандиозен проект во Црна Гора е дело на кинеската државна компанија CRBC (China Road and Bridge Company).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK