Црната кутија и алкотестот наскоро стандардна опрема во ЕУ

ОБЈАВЕНО НА:

Европската Унија, САД и Велика Британија се лидерите во поглед на инвестирањето и посветувањето внимание на создавање побезбеден сообраќај. Причината за ова се бројните жртви кои секојдневно се случуваат на патиштата во овие земја.

САД веќе дефинираше стратешки цели кои треба да се исполнат во наредните години, а за таа цел пропиша и бројни системи кои возилата треба да ги поседуваат како дел од стандардната опрема.

Со слични цели и прописи излезе и здружението за безбедноста на автомобилите и сообраќајот при Европската Унија. Ова здружение во соработка со Европската комисија дефинираше задолжителни системи и технологии кои од 2022 година треба да бидат дел од возилата.

Така на листата се најде и црната кутија, идентична како и кај авионите и останатите воздухопловни објекти. Во овој уред ќе се бележат сите податоци како брзината, стусот на системите во автомобилот при судар и многу други податоци и информации кои при тоа ќе се користат за полесно спроведување на истрагите во случај на сообраќајни незгоди.

Од останатата опрема задолжително е поседувањето на алко тест како и лимитер за брзината кој ќе се користи за спречување на зголемувањето на брзината над ограничувањето на патот. Истиот би функционирал со помош на GPS систем, а тоа значи дека конечно ќе се стави крај на брзото возење во ЕУ.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK