Во текот на октомври во Европа ќе бидат испорачани првите примероци на новата специјална Black Edition тематска серија на Toyota RAV4 Hybrid.
Од Toyota коментираат, дека благодарение на тематското целосно црно исполнување, Toyota RAV4 Hybrid Black Edition се издвојува од другите. Во опремувањето на новата специјална серија се вклучени Midnight Black, црна надворешна боја, предни решетки, браници, капаци на надворешните ретровизори, спојлери и престилки во црна боја. Тука се и 19-инчни алуминиумски тркала одново во црно, како и единствениот контрастен елемент, а се работи за амблемот на Toyota.
Внатрешноста на Toyota RAV4 Hybrid Black Edition е исполнета со висококвалитетна вештачка кожа со констастно сиво шиење, црн таван и црни апликации на предната табла и панелите на вратите.
Како опрема – стандардна и допонителна, Toyota RAV4 Hybrid Black Edition доаѓа со интелигентен паркинг систем, камера за видео надзор околу возилото, дигитално огледало за рикверц, JBL аудиосистем со 9 звучници, истем за безжично полнење на мобилен телефон и друго.