недела, 25 декември, 2025 година

Црна Гора не дозволува летување на „наше море“

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Ако се надевавме дека наместо во Грција летниот одмор можеби ќе го искористиме на Јадранско Море, во Црна Гора, таа можност засега отпаѓа бидејќи оваа земја се уште не дозволува влез за македонските граѓани.

Македонските државјани и наредните 15 дена нема да можат да влезат во Црна Гора ниту со негативен ПЦР тест. Иако имаше најави дека поради лошата сезона во Црна Гора во првата половина на август ќе може да се оди на море во Црна Гора, тамошните власти не ја ставија нашата земја на листата чии граѓани ќе може да влезат и да престојуваат на нивна територија без никакви ограничувања.

- Advertisement -

Од соседните земји државјаните на Албанија, Косово и Босна и Херцеговина може да патуваат за Црна Гора, но за нив е потребен негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. Државјаните на Канада, Русија, Украина, Белорусија, Азербејџан и Зимбабве од утре ќе може слободно да влезат во Црна Гора.

Засега македонските граѓани на море без ограничување можат да одат само во Албанија и Турција, а за Бугарија и Хрватска се потребни негативени ПЦР тестови.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја