ЦИА ги хакира и автомобилите!

ОБЈАВЕНО НА:

Викилкс стана познат по објавувањето на многу тајни информации поради што беа откриени многу податоци за работата на владите и за тајните служби. Покрај досегашните информации што најчесто се поврзани за политика, овојпат меѓу 8.000 документи има и работи поврзани со авто индустријата.

Во шпиунажата биле вклучени и мобилни платформи и апликации, а со тоа и самата автомобилска индустрија. Според пишувањето, ЦИА развила софистицирана технологија преку QNX платформата на Blackberry што овоможува следење и потенцијално превземање на контролата над возилото.

Оваа платформа е веќе вградена во преку 60 милиони возила во светот, а хакирањето се оправдува со борбата против тероризмот, па во случај на опасна ситуација можно е далечински да се превземе контролата над возилото во кое се наоѓаат осомничените.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK