сабота, 25 ноември, 2025 година

Цената на нафтата падна поради страв од коронавирусот

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Истиот ден кога Регулаторната комисија за енергетика ја зголеми цената на горивата во Македонија на светските берзи има пад на цената на суровата нафта. Причината е страв од новиот бран на заболени од Ковид-19 и заострувањето на мерките во повеќето земји. Тоа би довело до намалена побарувачка на суровата нафта.

Цената на фјучерсот на американската ВТИ нафта се намали за 68 центи или за 1,7 отсто и се тргуваше за 40,33 долари за барел, додека нафтата Брент забележа пад од 72 центи или 1,7 проценти и барел се продаваше за 43,43 долари.

- Advertisement -

Цената на ВТИ и на Брент нафтата вчера пораснаа за 1,8 односно за 1,5 проценти поттикнати од економските активности во Азија, Европа и САД.

Организација на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници односно ОПЕК Плус, вклучително и Русија најавија дека овој месец ќе го зголемат производството за околу 1,5 милиони барел дневно.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја