Целосно реновирање: Toyota ќе замени 60 отсто од моторите до 2022 година

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota планира сеопфатно реновирање на нивните погонски агрегати, и да се заменат најмалку 60 отсто од сегашната понуда до крајот на 2021 година.

Според Automotive News во следните пет години јапонскиот бренд ќе претстави 17 различни варјанти на девет нови мотори, ќе произведат 10 верзии на шест нови хибридни системи, и ќе направат 10 варијанти на четири нови трансмисии. Сеопфатната замена нема само да и помогне на Toyota да има мотори поприфатливи за околините, туку и по стимулирачки.

Истовремено со порастот на реновирањето на погонските агрегати, компанијата ќе тргне во намалување на бројот на мотори, и тоа за 40 отсто. На тој начин ќе се користи Toyota News Global Architecture (TNGA) со што ќе се намалат и трошоците и ќе се подобрат перформансите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK