Целата еволуција на популарниот BMW M3 (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Автомобилот BMW M3 е еден од ретките кој успеа да ја задржи својата популарност и денес исто како и на денот кога почна да се произведува. Во десетминутното видео може да се види целата еволуција на иконата на баварската автоиндустрија.

Добар дел од видеопрезентацијата е насочен кон оригиналниот модел Е30 М3, кој е промовиран во 1985 година, а се одликува со благо заострени лакови над тркалата, спојлер на задниот дел и неверојатен четирицилиндричен агрегат.
Сето ова му донесе голема популарност.

Беше направен за да ги исполни условите кои на BMW му овозможија да учествува на трките. На пчетокот BMW немаше намера да создаде М3 кој ќе биде легален и за патиштата бидејќи челниците на компанијата сметаа дека автомобилот нема да се продава добро. Меѓутоа, на крајот беа продадени 16.000 автомобили што беше далеку повеќе од планираните 5.000.

Од 1985 година до денес беше направен повеќедецениски развој на автомобилот кој толку еволуираше, што, сепак, остана доследен на оригиналот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK