Паралелно со светските премиери на автомобили на саемот во Женева, Skoda на својот штанд промовира и една далеку поразлична изработка. Се работи за нестандарден модел на две тркала и со максимална моќност од една човечка сила.
Се работи за модерна верзија на тротинет, кој се нарекува концепциски скутер на Skoda, а влегува како дел од програмата Simply Clever.
Овој концепциски скутер оди со уникатен и патентиран дизајн и конструкција, која дозволува да биде свиткан на таков начин што при транспортот може да се најде во делот за резервната гума и воопшто не влијае на товарниот обем на автомобилот.
Во склопена состојба, тешкиот скутер од само 5 килограми е со размери од 41 на 48 сантиметри. Има можност да предложи алтернативен транспорт на корисници кои се со тежина до 100 килограми, а новиот продукт ќе биде подготвен за продажба во текот на втората половина од годината, како назначен за оптимална употреба со моделите на Octavia и Superb.