“Трката на шампионите„ ќе се вози во Саудиска Арабија

ОБЈАВЕНО НА:

Познатата „Трка на шампионите“ за првпат ќе се вози во Саудиска Арабија на почетокот на 2018 година, што ќе биде прв моторспорт настан во оваа земја досега. Настанот ќе се одржи во Ријад, главниот град на државата и тоа на стадионот „Кинг Фад“.

Одлуката за домаќинство на Саудиска Арабија доаѓа многу брзо по објавата дека Кралството Саудиска Арабија ќе им овозможи на жените да управуваат автомобилит од средината на 2018 година.

Во соопштението, организаторите на „трката на шампионите“ изјавија дека на настанот ќе присиствуваат и семејства и дека ќе биде согласно културните стандарди на КСА.

Наскоро ќе биде објавено и кои возачи ќе учествуваат на трката и повеќе детали за настанот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK