Тркала за секаков терен: И круг и триаголник (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Агенцијата за перспективна разработка на Стејт департментот на ДАРПА презентираше тркало кое во зависност од околностите, може да се претвори од кружно во триаголно.

Ова тркало-трансформатор е дело на Националниот инженерски центар за роботехника во Питсбург. Тоа се монтира на оклопни возила на пешадијата HMMWV и се транформира во триаголник на нерамен пат, каде почнува да работи по принцип на тенковската гасеница.

После трансформацијата се намалува брзината на движење, но при враќање на рамна и стабилна површина, тркалото ја враќа својата традиционална форма и продолжува со движење во нормален режим. Идејата во пронајдокот е да се зголеми воената опрема и да и се даде пристап на тешко достапните места и во тешки off-road услови.

Целта на програмата за земјена технологија X-Vehicle DARPA е да се зголемат подвижноста, одржливоста, безбедноста и ефикасноста на воените машини без големување на нивниот оклоп.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK