Трка: Може ли стара „буба“ против Charger со 800 КС? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Легендарниот автомобил од германско производство, добро познатата „буба“, која е наменета за широки маси покажа дека уште може да се носи со модерните брзи автомобили. Нејзиниот изглед не открива секогаш што има во внатрешноста под каросеријата.

И додека се шири веста за конечното запирање на производството на „буба“ во нејзина чест се појавуваат различни видеа кои сведочат за тоа како уште е „конкурентна“ во трката на забрзување.

На патеката ги „вкрсти ракавиците“ со американскиот Charger SR Hellcat, кој е сè, само не и сериски бидејќи станува збор за модел кој под хаубата има скриено ѕвер со повеќе од 700 коњски сили.

Се очекуваше од Volkswagen во оваа трка да нема речиси никакви шанси, но што почна трката на момент се помисли дека можеби и не е така. „Буба“ поради својата помала тежина се најде пред Dodge Charger, но веќе на средина од трката беше јасно дека, не може да победи.

Како изгледаше оваа трка можете да видите во видеото во продолжение.

Затоа немојте секогаш да судите според изгледот.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK