ТРКА: Кој е најбрзиот од електричните возила што се во масовно производство? (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Многу е интересно кога се натпреварувате во тишина… Како изгледа трка на електрични возила, оние што ги има во масовно производство. Шестте најдостапни електрични автомобили во Европа се: BMW i3s, Hyundаi Kоnа Еlесtriс, Mini Сооpеr SЕ, Rеnаult Zое ZЕ50, Rеnаult Zое ZЕ40 и Smаrt FоrTwо ЕQ

Овие возила учествуваа во импровизирана трка на патишта. Новинарите од турскиот огранок на Mоtоr1 ги редат возилата на стартот, но со претходно утврдени специјални правила.

После забрзувањето до 60 км/ч возачите требаше ја одржат брзината 400 метри и да го покажат целосниот потенцијал на автомобилот во последните 600 метри.

Изненадувачки или не, првиот, кој стигна до финалната линија беше Hyundаi Kоnа Еlесtriс. Тој беше следен од BMW i3s и Mini Сооpеr SЕ. Другите дојдоа со забележливо заостанување од првите три: Rеnаult Zое ZЕ50, Smаrt FоrTwо ЕQ и Rеnаult Zое ZЕ40. Следува тест за сопирање – и тука BMW i3s ce покажа најефективно, а второто место е за Rеnаult Zое ZЕ50.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK