Три причини редовно да го проверувате притисокот на гумите

ОБЈАВЕНО НА:

Летната сезона е почеток, а за да го извлечете максимумот од возењето во текот на летото треба да се уверите дека во гумите на вашиот автомобил има вистински притисок. Тоа влијае на безбедноста при возењето, во времетраењето на гумите и во потрошувачката на горивото.

Затоа треба да се придржувате на трите главни причини за редовно проверување на притисокот во гумите.

  1. Полесно управување и повеќе безбедност

Притисокот во гумите влијае на управувањето и безбедноста на автомобили. Недоволно напумпаните гуми или нерамномерниот притисок во нив предизвикуваат автомобилот да реагира бавност и да има неочекувано однесување во екстремни ситуации.

Во вакви ситуации најдобро се чувствува притисокот на гумите со оглед на тоа што тогаш е потребно брза реакција со воланот, како при промена на лента или избегнување на судир со дрго возило. При дожд недоволно напумпаните гуми го зголемуваат патот за запирање и го намалуваат отпорот при аквапланинг.

Нестабилноста при управувањето станува уште поголема при потежок товар. Кога се вози со потежок товар треба и да се зголеми притисокот во гумите.

2.Подолг живот на гумите

Притисокот во гумите исто така влијае и на животот на гумите. Недоволно напумпаните гуми се трошат побрзо и се поподложни на оштетување. Нискиот притисок води до прегрејување на гумите и зголемување на нивното трошење при што е поголема можноста за оштетување.

Недоволниот притисок го намалува и растојанието меѓу тркалото и површината на гумата. На тој нали таа може да се удира во тркалото, од што се зголемува и веројатноста за оштетување, кога автомобилот се качува на тротоар. Преку лето испакнатите делови на патот и дупките можат значително да го зголемат ударот кон гумите.

3.Пониска потрошувачка на гориво и CO2 емисии

Притисокот во гумите е директно поврзан и со потрошувачката на гориво и емисите на CO2. Недоволниот притисок го зголемува отпорот при вртењето на гумата што води до непотребна потрошувачка на гориво.

Затоа, многу производители на автомобили ја наведуваат својата еко-препорака за притисокот во гумите, покрај препораките за превоз на 1-3 лица и полн товар.

Со тек на времето воздухот излегува помалку и при нормално возење не може да се процени дали гумата е недоволно напумпана. Затоа треба да се проверува притисокот на гумите дури и откако ќе ги смените, но и на секои три недели или барем пред долго патување во текот на летото. При жешко време не е неопходно да се намалува притисокот бидејќи ако е премал, притисокот ќе ја оштети гумата.

Совети за безбедно возење во лето

-Сменете ги гумите, кои биле во употреба повеќе од шест години дури и да има остатоци од шарите.

-Проверете ја длабочината на шарите. Од безбедносни причини минималната препорачана длабочина на шарите е 4мм. Употребата на истрошени гуми ќе го продолжи растојанието за запирање на возилото и ќе го направи потешко за управување.

-Проверете ги страничните ѕидови и шарите на вашите гуми за секакви пукнатини и испакнатини.

-Проверете ги главните канали. Сите големи камчиња, кои се заглавени во главните канали, ќе навлезат подлабоко во гумата за време на возењето и можат да бидат причина за оштетување на гумите.

-Проверете дали сите гуми се рамномерно потрошени. Сменете ги местата предните и задните гуми за рамномерно потрошување. Ставете ги двете гуми во најдобра состојба на задниот дел за поголема безбедност.

-Редовно проверувајте го притисокот во гумите. Правилниот притисок ја зголемува безбедноста, го продолжува животот на гумите и ја намалува потрошувачката на гориво. Треба да го проверувате притисокот во гумите на секои три недели или пред секое долго патување. Проверете го притисокот кога гумите се ладни.

-Рестартирајте го системот за предупредување за притисокот во гумите откако сте поставиле вистинско ниво на притисок. Стандардната опрема на модерните автомобили има сензои – Систем за следење на притисокот на гумите (TPMS, Tire Pressure Monitoring System).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK