Три децении чувал Yugo, сега го продава за 8.000 евра (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

На поседите низ САД, во разни гаражи, сали… често може да се пронајдат голем број на олдтајмер возила кои после реставрирањето се продаваат за големи пари. Сепак, во оваа приказна во главна улога е еден добро познат автомобил од овие простори.

Легендарниот Yugo GV стои во гаража во Мериленд од 1988 година. Сопственикот го купил бидејќи го сметал како „уникатен и практичен“, а со него поминал нешто повеќе од 700 километри, поради што автомобилот е во исклучително добра состојба.

Yugo во SAD стигна во 1985 година како најевтиниот автомобил на пазарот, а чинел 3990 долари.

Сепак, ни толку малата цена не можела да ја оправда лошата репутација кај Американците, а пред сè поради квалитетот, кој не ги задоволувал нивните критериуми.

До 1992 година во Америка се продадени околу 140.000 примероци. Сепак, сопственикот на ова Yugo GV сега бара 8000 евра, а заедно со него поклонува уште еден кој може да послужи за резервни делови.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK