Третина од увезените возила од Германија со вратена километража?

ОБЈАВЕНО НА:

Во Европа стануваат се` повеќе свесни дека враќањето на километражата на возилата што се продаваат како половни е речиси секојдневие. Не постои автомобил што се продава а да не е „штелуван“ и да прикажува помалку поминати километри. Тоа им носи поголема заработувачка на продавачите, особено оние што работат со многу возила.

Според податоците на германски АДАК, речиси секој трет половен автомобил што се продава во Германија има „намалена километража“. А кога истите возила се наменети за извоз тој процент се зголемува и до 50 отсто.

Тоа значи дека понекогаш се плаќаат и илјадници евра повеќе во однос на реалната цена на автомобилот. Досега се сметаше дека Германците најмалку или воопшто не ги враќаат километражите на возилата, па затоа оваа земја беше најпосакувано место за купување на половен автомобил.

Европскиот парламент работи на закон според кој манипулацјата со бројчаниците за минати километри ќе се смета како измама и ќе биде казниво дело. проблемот со враќањето на километражите ќе станува уште поголем откако многу Германци ги продаваат своите дизел возила и се префрлаат на бензински агрегати. А таквите возила потоа лесно се продаваат во Источна Европа.

Во Македонија продолжува трендот на увоз на половни автомобили, и во првите шест месеци од годинава се увезени 13.355 возила.
Ако продолжи овој тренд на увоз на половни автомобили, тогаш оваа 2018 година ќе биде подобра во однос на претходните три (2015, 2016 и 2017 година). Најмногу 25.5889 половни возила увезени во 2016 година. Рекордот е 51.399 половни возила увезени во 2010 година.

Половњаците се уште во мода – Расте бројот на увезени возила во првите шест месеци од 2018

Нема податок која е просечната старост на увезените возила, од која земја се узвезени и колку просечно имаат изминато километри. Но, ако се земе предвид дека оние поскапите се со „околу“ 100.000 километри тогаш станува јасно дека вистинската искористеност е многу поголема.

Па, кога купувате половно возило внимавајте да не купите мачка во вреќа.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK