Компанијата од САД, Jeep заврши со производство на третата генерација на популарниот модел Wrangler, која ја носи ознаката JK. Последниот примерот од производствената серија бил Rubicon Unlimited со пет врати, а беше произведен минатата недела во фабриката на Јеер во Толедо, Охајо.
Jeep ја претстави генерацијата ЈК на Wrangler во 2006 година откако заедно со традиционалната варијанта со три врати беше лансирана и варијанта со пет врати, а тоа на почетокот беше негативно примено од страна на аудиториумот. Интересно е тоа што целиот тираж на ЈК ја натфрли бројката од 1,2 милиони возила, додека верзиите со пет врати се многу повеќе од традиционална варијанта со три врати.
Следната генерација на Jeep Wrangler – JL, дебитираше минатото лето. Моделот ја зачува конструкцијата на својот претходник и се нуди со подобрен систем 4х4, а има и хибридна варијанта. Бензинецот со 4 цинтрилни со 272 коњски сили работи со стартер генератор и 48-волтна батерија.
Клиентите можат да ја порачаат и класичната бензин верзија со шест цилиндри и мотор од 285 коњски сили, кој работи со менувач-автоматик со осум степени. Подоцна годинава ќе почне доставувањето и на варијантата со 3.0-литарски турбодизел.