Третата генерација на Nissan Qashqai со хибридна технологија

ОБЈАВЕНО НА:

Сегашната генерација на Nissan Qashqai се наоѓа на пазарот веќе пет години, а фирмата од Јапонија размислува за наследникот на еден од најважните модели во гамата. Се очекува третата генерација на компактното СУВ да се појави во текот на 2020 година, а главната улога ќе ја има електрификацијата. Покрај тоа се предвидуваат и хибридна и plug-in хибридна верзија.

Машината ќе се базира на модифицираната платформа CMF, која се користи од доста модели на алијансата Renault-Nissan. Новата архитектура ќе донесе намалување во тежината, како и можност за така посакуваната електрификација.

Хибридниот систем ќе дојде од моделот Note, кој во Јапонија се нуди со електрифицирано придвижување, но ќе треба системот да биде адаптиран на потребите за европските корисници.

Што се однесува до варијантата PHEV, Nissan ќе го има предвид искуството на Mitsubishi со Outlander PHEV, кој е еден од најдобро продаваните plug-in модели во светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK