Трет собир во АСУЦ: Concorso d’Eleganza Villa d’Este на македонски начин (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

Колку се сакаат автомобилите, без разлика колку се стари, дали се „нашминкани и набилдани“, дали се само за покажување или веќе при крај на работниот век покажуваат и сѐ почестите собири што ги прават овие сопственици сакајќи да разменат искуства, да се видат меѓусебе, но и да се пофалат. Трета година по ред АСУЦ „Боро Петрушевски“ го организира авто-мото собирот, што постојано се зголемува, и според бројот на учесници и посетители.

Можеби не е како актуелниот Concorso d’Eleganza Villa d’Este на езерото Комо, но Скопје може да се гордее со она што го има како возен пар и како е тој сочуван. Немаме најнови модели, милионски скапи возила, но имаме големи спортски срца кои ги сакаат возилата и прават сѐ тие да бидат третирани како господа.
На едно место можеа да се видат и по неколку децении стари возила, но одлично сочувани, ретки олдтајмери кои не потенуваат од Европа, па сѐ до тјунирани автомобили. За секого по нешто.

Повеќе од 100 изложени возила, со гости од Србија и Бугарија, манифестацијата станува и меѓународна.

Имаше што да се види, а оние што не успеаја да дојдат можат да се обидат да ја почувствуваат атмосферата низ објективот на нашиот фотограф.

Фото: Орце Поповски

Следете не и на:

24AUTO NETWORK