Треба ли гумите да се балансираат и кога?

ОБЈАВЕНО НА:

Одговорот на прашањето за балансирањето на гумите е единствен и е позитивен, но тука главната цел е да се објаснат причините поради кои се препорачува оваа операција. Голем дел од сопствениците на автомбили прават балансирање бидејќи на исти бандажи ги менуваат летните и зимските гуми. Затоа при нивната замена е потребно да се направи баланс.

Ако возите автомобил со гуми за сите сезони или, пак, доколку имате и зимски и летни гуми со различни бантажи тогаш посетите кај вулканизерите не се така чести. Специјалисите препорачуваат да се прави балансирање на секои 10.000 до 15.000 километри.

Почесто таа операција се прави доколку наидете на автомобил во голема дупка и како резултат на тоа има оштетување на гумата, која не се гледа со голо око. Идејата за балансот на тркалото е да се перфрли центарот на масата во геометричниот центар на тркалото.

Ова се прави со тегови кои се прицврстени на определено место, кои се со точно определан грамажа. Сето тоа го покажуваат и специјализираните штандови за вулканизерските работилници. Балансирањето исто така е потребно после долго возење и без да се влезе во некоја дупка на пример.

Различната трошење на гумите и снемување на шарите како резултат на нагло кочење води до дисбаланс на тркалата. Тоа од своја страна е претпоставка за доста посериозни проблеми во суспензијата, а влијае негативно и на самото управување на возилото.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK