Треба да знаете: И моторните масла имаат рок на користење

ОБЈАВЕНО НА:

Колкупати сте биле во ситуација да ја чистите гаражата или подрумот и да наидете на некои работи за кои сте сметале дека ќе ви требаат, а сте ги купиле можеби поевтино. Или едноставно, сете ги користеле, па останало уште малку од содржината. И да не се фрли, сте ја складирале некаде. 

Многумина од нас во гаражите чуваат сè и сешто, а таму се наоѓаат и работи кои нѝ не неопходни, но не ги користиме со години. Некои, пак, имаат складиште за моторно масло за автомобил кое можеби го купиле поволно. Затоа едно прашање е интересно и добро да се знае одговорот на тоа, колку долго може да го чувате пред да го употребите?

Во просек  тоа е некаде од три до пет години во зависност од типот (синтетичко, полусинтетичко или минерално) и адитивите. Ако во маслото има железо или бакар, тоа побрзо ќе оксидира.

Исто така кога ед наш ќе го почнете отворањето на пакувањето на масло, пожелно е да го употребите во рок од шест месеци (од отворањето), Маслото би требало да се чува во просторија без директна изложеност на сончева светлина, чија температура не оди во екстремни услови и цела година е близу до собната.

Екстремните температури ќе влијаат на способноста на маслото ефикасно да го подмачкува моторот на возилото. Прениските температури би можеле да доведат до создавање на седименти во маслото.

Како што е наведено, не е паметно да се корсити веќе отворана кантичка со масло после пола година и повеќе. Во контакт со влага или прашина, во маслото можат да се покават седименти односно ќестички кои не можат да е стопат. Пред користењето на маслото треба добро да се провери неговата текстура и воја, која би требало да биде иста како тогаш кога првпат е отворено пластичното пакување, а маслото сипано во моторот.

[totalpoll id=”43475″]

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK