Американскиот претседател Доналд Трамп и кандидат за претстојните избори со неочекуван твит побара да се бојкотираат производите од брендот на Goodyear.
“Не купувајте пневматици Goodyear – најавија забрана на MAGA (Make America Great Again) капчињата. Купете подобро за помалку пари! (Вака делуваат радикалните леви демократи. Но оваа игра е за двајца и ние започнавме да ја играме)” напиша Трамп на својот профил.
Оваа реакција следи откако интернет сајтот Politico објави фотографија од обука на Goodyear на која се кажува да се прифатат “непримерните” пароли како “Black Live Matter”, “LGBT”, но и MAGA што е кратенка од паролата на Доналд Трамп.
На овој твит со официјално соопштение се огласија од страна на американскиот прозиводител на пневматици кој наведува дека не ја организирал обуката и ги демантираше сите гласини поврзани со истата.