САД и официјално ги надмина Италија и Кина според вкупниот број на заразени лица со коронавирусот. Оваа вонредна состојба во која се наоѓа САД беше доволно за активирање на актот за одбранбено производство. Овој акт кој го активираше претседателот Доналд Трамп предвидува државата да диктира што ќе произведуваат компаниите на територијата на САД, меѓудругото.
Така на својот Твитер профил, Трамп веќе ја објави одлуката General Motors наместо автомобили во наредните недели да произведува респиратори за потребите на здравствените капацитети.
Трамп преку својот Твитер неколку пати ги напаѓаше производителите на автомобили, пред се GM и Ford, а во својот последен твит соопшти дека во разговор со извршниот директор на General Motors е договорено во фабриакта во Охајо да се започне со производство на респиратори.
General Motors MUST immediately open their stupidly abandoned Lordstown plant in Ohio, or some other plant, and START MAKING VENTILATORS, NOW!!!!!! FORD, GET GOING ON VENTILATORS, FAST!!!!!! @GeneralMotors @Ford
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) March 27, 2020
Овие машини се многу важни за одржување на тешко болните од коронавирусот кои имаат потешкотии со дишењето и истите им го олеснуват тоа. Во моментов во светот сите држави се обидуваат да обезбедат што е можно повеќе респиратори.