Додека Европа е еколошки регулирана до ниво на кое произведувачите на автомобили се мачат со пропишаните емисии на штетни гасови, американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги занемари сите еколошки норми и совети на наулниците за загревањето на Земјата поради засиленото испуштање на стаклени гасови.
Претходното еколошко правило, донесено во време на администрацијата на Обама, на произведувачите на автомобили им налагаше до 2025 година секоја година да ги смалуваат емисиите на штетни гасови за пет проценти. Тоа се однесува на просекот на одредени произведувачи во нивната вкупна продажба на автомобили во Америка.
Доналд Трамп сега тоа го смали односно донесе уредба произведувачите на автомобили секоја година до 2026 година да мораат да ја смалуваат емисијата на своите продадени автомобили за 1,5 проценти годишно.
Претседателот вели дека тоа во просек ќе ги направи автомобилите поевтини за 3.500 долари по возило. Имено, на нив нема да бидат вградувани скапи системи за редуцирање на емисии на штетни гасови. Дали ова има врска со лошите резултати на администрацијата на Трамп во борбата со коронавирусот може само да се шпекулира…