Trabant повторно живее: Има илјадници ново регистрирани во Германија

ОБЈАВЕНО НА:

Во Германија има регистрирано 38.173 вакви возила, а над 1.000 само последната година

Trabant е возило што се поврзува со Источна Германија, со времето кога Берлин беше поделен на два дела и со „железната завеса“ која ја делеше Европа меѓу Западна и Источна каде постоеше влијанието на СССР. Но, Trabant сега повторно е популарен, живее втора младост и е многу популарен. Бројот на новорегистрирани возила од типот на Trabant е зголемен, и тоа за најмалку 1.000 само во 2020 година.

За последните десет години бројот на новорегистрирани возила Trabant се зголемил за околу три илјади, пишува весникот „ДиВелт“. Според тие податоци сега во Германија има регистрирано 38.173 вакви возила. Новорегистрираните возила се однесуваат на оние модели што се предмет на реновирање и одбновување.

Trabant е многу популарен за разгледување на Берлин и доста агенции ја нудат таа услуга.

Целта на Trabant беше да му овозможи на населението пристапен превоз, иако источните Германци понекогаш мораа да чекаат со години пред да можат да купат вакво возило. Првиот Trabant (P50) се појави во 1958 година и беше составен во Цвикау.

Повеќето делови од телото беа изработени од Дуропласт, специјална пластика која ги имаше главните делови изработени од памучни влакна, фенолна смола и челичен внатрешен дел на кој беа прикачени сите компоненти на Дуропласт.
Моторот е двоцилиндричен двотактен со воздушно ладење со зафатнина од 594 кубика (првите модели се 500 кубика). Trabant 601, кој се појави во 1964 година, и е убедливо најпознатиот модел. Се испорачуваше до 1990 година, а во таа последна година биле произведени 90.000 возила со помодерен четиритактен мотор на VW Polo.

Вратите на фабриката се затворија на 1 април 1991 година и дотогаш беа произведени повеќе од три милиони возила Trabant.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK