Trabant и Wartburg се пак на цена, вредат десетпати повеќе

ОБЈАВЕНО НА:

Возилата кои некогаш беа заштитен знак на Источна Германија се одново на цена и претставуваат вистинска вредност да се имаат во својата гаража. Тука пред сè станува збор за возилото Trabant, кое е еден од најдолготрајните симболи на поранешна Источна Германија. Моделот веќе не е евтин, а истото важи и за Wartburg и за Melkus, копијата на Ferrari и единственото спортско возило кое беше произведено во Источна Германија.

Стар модел на Trabant во моментов чини најмалку 4.000 долари без значење каква е неговата состојба. Возило на кое е извршен ремонт се продава и за над 10.000 долари. Има многу клубови на фанови на Trabant низ цела Германија, а во источните провинции во земјата уште се користат возила од оваа марка.

Пред 1990 година биле произведени над 2,8 милиони примероци, а некогаш овој автомобил беше убедливо најпопуларниот на патиштата во поранешна Источна Германија.

Експертите велат дека собирањето на возила од источниот блок станува сè потешко бидејќи сопствениците се одлично информирани. Тие знаат дека автомобилите се ретки и цената им се зголемува. Реновиран Trabant 601 постои мала веројатност да биде продаден за цена под 5.000 долари, а првите возила од овој примерок се произведени уште во 1963 година.

Неколку децении по ред Trabant возилата не беа меѓу омилените возила, но околу 2010 година цените почнаа засилено да се качуваат, па наеднаш Trabant стана култен автомобил. Иако се работи за многу старо возило уште има резервни делови, па затоа лесно може да се одржуваат.

Едно од најскапите возила од некогашната Источна Германија е Coupe RS 1000 на Мелкус. Истото се произведувало од 1969 до 1972 година, а е со 70 коњски сили. За овој редок автомобил не се очекува да биде платено под 80.000 долари.

Цената за „заоблениот“ Wartburg 312/1 исто така скокна во минатите години и сега моделот може да се купи за околу 13 000 долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK