Toyota за новиот SUV ќе користи компоненти од Mazda

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota официјално потврди дека ќе започне со производство на нов SUV модел кој ќе се произведува во фабриката во Хантсвил, Алабама, а ќе биде наменет за американскиот пазар.

Според одредени медиуми, новиот SUV ќе користи бројни компоненти од Mazda, но тоа не значи дека новиот SUV ќе биде Mazda модел со знак на Toyota, туку најверојатно ќе се користи заедничка платформа, со функционални компоненти развиени од страна на Mazda.

Станува збор за SUV кој ќе се базира на FT-4X концептот кој беше претставен во април 2017 година. Димензионално е сличен како C-HR, најмалиот SUV во актуелната понуда на јапонскиот производител.

Производството ќе започне во 2021 година кога ќе започне и со работа новата фабрика. Овој модел ќе се продава само во САД и Канада, а дали во меѓувреме ќе биде лансиран нов модел во Европа останува нејасно.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK