Toyota Yaris, најпродаваниот нов автомобил во Европа во јануари

ОБЈАВЕНО НА:

Според податоците кои беа објавени од страна на агенцијата JATO Dynamics, за првиот месец од 2021 година најпродаваниот нов автомобил во Европа е Toyota Yaris. Моделот бележи 3% раст во побараувачката чиј вкупен индикатор достигна ниво од 18.094 единици.

Во Топ 5 на најпопуларните нови автомобили во Европа во првиот месец за 2021 година исто така влегуваат и Peugeot 208 (17.310), Dacia Sandero (15.922), Volkswagen Golf (15.227) и Opel/Vauxhall Corsa (14.951).

Од JATO Dynamics коментираат, дека вкупниот пазар во Европа се има намалено за 26% во споредба во споредба со јануари минатата година и има пад до ниво од 839.600 единици. На 24 од 27-те анализирани пазари од агенцијата се забележува двоцифрено процентно намалување на годишно ниво.

Податоците на ЈATO Dynamics исто така покажуваат дека СУВ автомобилите продолжуваат даго зголемуваат учеството на пазарот, достигнувајќи рекордни 44% за историјата.

Вкупниот резултат на овој автомобил за првиот месец за 2021 година е на ниво од 368.100 единици, што е за 18% помалку во споредба со претходната година.

Повторно во однос на СУВ автомобилите од JATO Dynamics ставаат акцент над пазарното претставување на брендот Volvo, кој може да се пофали со најголемиот пораст на уделот на пазарот, како и на водечката позиција со моделот XC40 кај луксузните автомобили. Возилото бележи пораст во побарувачката од 58% до ниво од 10.590 единици.

Со завидно пазарно претставување во јануари можат исто така да се пофалат и Ford Puma (+72%), Ford Kuga (+258%), BMW X3 и Kia Niro (+12%), Mercedes GLA (+18%), Suzuki Ignis (+25%), Smart Fortwo (+208%) и Porsche Macan (+23%).

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK